• понеделник, 23 декември 2024

Дизајнерот Филип Плејн критикуван поради ревија посветена на Коби Брајант

Дизајнерот Филип Плејн критикуван поради ревија посветена на Коби Брајант
Милано, 25 февруари 2020 (МИА) - Германскиот моден дизајнер Филип Плејн се соочи со жестоки критики по својата ревија во чест на Коби Брајант на миланската Модна недела. Меѓу моделите на колекцијата „Плејн 24“, присутни беа и Оливија Калпо и Џејда Пинкет-Смит, облечени во Сваровски облека инспирирана од дресот со број 24 на Брајант во Лејкерси. На модната писта како реквизити имаше златни хеликоптери. „Ова е разочарувачки, невкусно и непочит. Филип Плејн му оддаде почест на Коби Брајант, покажувајќи златни хеликоптери и, без вкус ставајќи го неговото име по дресовите. Навистина сум шокиран!", гласи еден од коментарите на Твитер. На страницата на Плејн, еден ваков дрес чини 2.070 долари. Дизајнерот за американските медиуми изјави дека заработката од колекцијата ќе бидат дарени во добротворната Спортска фондација на Мамба и Мамбасита. - Тажно е да се види кога нешто позитивно и конструктивно може така погрешно да биде протолкувано, од луѓе кои очигледно сакаат да толкуваат погрешно без да имаат причина за тоа. Јас всушност правам нешто за да помогнам и да ја подржам фондацијата. Делата говорат повеќе од зборовите, изјави Плејн. За хеликоптерите, тој вели дека тие биле дел од сценографијата од претходната негова ревија испланирана во ноември и оти не можел да ги отстрани.  си/sd/

Остани поврзан