• понеделник, 23 декември 2024

Де Сантис: Заштитата на Украина не е витален интерес на САД

Де Сантис: Заштитата на Украина не е витален интерес на САД

Вашингтон, 15 март 2023 (МИА) - Гувернерот на сојузната држава Флорида и можен претседателски кандидат на Републиканската партија на претседателските избори следната година, Рон де Сантис, во интервју за Фокс Њуз изјави дека заштитата на Украина не е витален интерес на САД.

Де Сантис одговори на прашалникот испратен од водителот на Фокс Њуз, Такер Карлсон, до потенцијалните претседателски кандидати на Републиканската партија, меѓу другото, дека САД имаат многу витални национални интереси, но дека „натамошното мешање во територијалниот спор меѓу Русија и Украина не е ниту еден од тие интереси“, пренесува Гардијан.

Гувернерот на Флорида изјави дека виталните интереси на САД се заштита на границите на САД, поддршка на американската војска, постигнување енергетска безбедност и независност, како и соочување со предизвикот од економската, културната и воената моќ на Кина.

Администрацијата на Бајден и издаде „ на Украина виртуелен бланко чек“, додаде Де Сантис.

Според него, САД не треба да испраќаат проектили со долг дострел или борбени авиони Ф-16 во Киев, бидејќи тој потег го зголемува ризикот од војна меѓу двете нуклеарни сили, САД и Русија.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се согласи со гувернерот на Флорида во врска со натамошната американска поддршка за Украина. сд/

Остани поврзан