• сабота, 21 декември 2024

Де Роси уште три години во Рома

Де Роси уште три години во Рома

 

Рим, 7 јуни 2024 (МИА) – Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси, ќе го продолжи договорот со римскиот клуб, објави денеска италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

Според информациите, двете страни постигнале договор и 40-годишниот Де Роси ќе стави потпис на тригодишно продолжување на соработката.

Поранешниот италијански репрезентативец седна на клупата на Рома во јануари на местото на Португалецот Жозе Мурињо, а под негово водство клубот од Рим ја заврши сезоната во Серија А на шестото место.

Де Роси е икона на Рома во која ја мина речиси целата своја професионална кариера.

Кариерата како играч ја заврши на почетокот на 2020 година по шестмесечен престој во аргентинскиот гигант Бока Јуниорс, по што му се приклучи на Роберто Манчини во италијанската репрезентација.

Краток период во 2022 година беше тренер на италијанскиот клуб Спал. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан