• среда, 03 јули 2024

Де Лихт и Дејвис ќе го пропуштат дуелот на Баерн во ЛШ со Викторија Плзењ

Де Лихт и Дејвис ќе го пропуштат дуелот на Баерн во ЛШ со Викторија Плзењ
Минхен, 11 октомври 2022 (МИА) – Одбранбените фудбалери на Баерн, Матијс де Лихт и Алфонсо Дејвис ќе го пропуштат натпреварот од четвртото коло во Лигата на шампионите против Викторија Плзењ, објавија некои германски медиуми. Двајцата фудбалери се повредија на натпреварот од 12. коло од германската Бундеслига минатиот викенд против Борусија Дортмунд (2:2). Учеството на играчот од средниот ред Серж Гнабри на натпреварот против Викторија останува под знак прашалник. Натпреварот Викторија Плзењ – Баерн Минхен ќе се одржи утре со почеток во 21 часот. Баерн Минхен е на врвот на табелата во групата Ц со максимални девет бодови, чешката екипа е на последното, четврто место без освоен бод. зс/

Остани поврзан