• среда, 27 ноември 2024

Де Кро: Европа треба да предводи, а не да следи во иницијативите за Блискиот Исток 

Де Кро: Европа треба да предводи, а не да следи во иницијативите за Блискиот Исток 

Брисел, 21 март 2024 (МИА) - Резолуцијата на САД во Советот за безбедност на ОН нации со која се повикува на итен прекин на огнот во Газа претставува „добар пример“, но ЕУ „треба да предводи, а не да следи“ во иницијативите поврзани со Блискиот Исток, изјави белгискиот премиер Александар Де Кро пред почетокот на денешниот Самит на Унијата во Брисел.  

- Европа треба да предводи, а не да следи. Сега е време да бидеме јасни. Треба да бараме итен прекин на огнот, да бараме ослободување на заложниците и да го поставиме сите на вистинскиот пат на преговори за решение според моделот на две држави, истакна Де Кро. 

Тој истакна дека хуманитарната ситуација во Газа е драматични и дека луѓето се соочуваат со недостиг на храна. 

- Гледаме дека луѓето се хранат јадејќи трева. Луѓето се на работ на гладување, рече Де Кро. 

Тој истакна и дека Белгија го поддржува предлогот на Европската комисија за искористување на профитите од замрзнатите руски средства за поддршка на Украина. 

Запрашан за коментар на идејата средствата што ЕУ и ги доделува на Украина да се користат за обнова на земјата, а не за набавка на оружје, Де Кро одговори дека во оваа фаза приоритет е купувањето муниција.  

- Би сакал да се инвестира во обнова, но тоа би било бесмислено ако ризикувате да ја изгубите земјата, додаде Де Кро. 

Според белгискиот премиер, во сегашните услови ЕУ треба „да продолжи, но и да ја забрза поддршката“ за Украина. сп/

Фото: ЕБС

Остани поврзан