• среда, 08 мај 2024

Де Бур не му дозволи на Вајналдум да оди на лекарски преглед за Барса пред ЕП

Де Бур не му дозволи на Вајналдум да оди на лекарски преглед за Барса пред ЕП
Амстердам, 30 мај 2021 (МИА) – Комплетирањето на трансферот на играчот од средниот ред Џорџињо Вајналдум од Ливерпул во Барселона ќе биде одложено. Беше планирано каталонскиот тим да го испрати својот медицински персонал во холандската репрезентација пред Европското првенство за да му се изврши лекарски преглед на фудбалерот, но тоа нема да се случи. Селекторот на холандската репрезентација Франк де Бур им забрани на 30-годишниот Вајналдум и другите репрезентативци да бидат ангажирани со што било друго освен подготовка за турнирот. - Играчите ќе мора да бидат трпеливи до завршување на првенството, го цитира Де Бур „Воетбал Интернешнл“. Холандија на Европското првенство е во група со македонската, украинската и австриската репрезентација. зс/

Остани поврзан