• петок, 05 декември 2025

Де Брујне се согласи да се пресели во Наполи

Де Брујне се согласи да се пресели во Наполи

Неапол, 25 мај 2025 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне, е подготвен да стане играч на Наполи, тврди инсајдерот Џанлука Ди Марцио.

Според изворот, 33-годишниот Белгиец е целосно отворен за трансфер во италијанскиот клуб. 

Претходно беше објавено дека „Неаполитанците“ му понудиле на фудбалерот тригодишен договор.

На 20 мај, „Граѓаните“ го победија Борнмут на домашен терен (3:1) во рамките на 37-то коло од Премиер лигата. Триесет и тригодишниот Белгиец го одигра својот последен домашен натпревар за тимот во Премиер лигата.

Де Брујне го објави своето заминување од Сити на почетокот на април. Неговиот актуелен договор истекува на 30 јуни. Тој одигра 421 натпревар за Сити, постигнувајќи 108 гола и имајќи 177 асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан