• понеделник, 23 декември 2024

Дејли мејл: Американскиот инвестициски фонд би можел да го купи Евертон за 600 милиони фунти

Дејли мејл: Американскиот инвестициски фонд би можел да го купи Евертон за 600 милиони фунти

Лондон, 18 мај 2023 (МИА) – Премиерлигашот Евертон е блиску до промена на сопственоста, пишува „Daily Mail“. 

 

Според британскиот весник, американскиот инвестициски фонд „777 Partners“ подготвува понуда од 600 милиони фунти. Друг претендент за купување на клубот е американската компанија „MSP Sports Capital“. 

 

Сегашната управа на клубот од Ливерпул размислува за продажба што е можно поскоро. Се очекува преговорите да започнат следната недела. 

 

Сегашниот сопственик на Евертон е иранскиот и британски бизнисмен Фархад Мошири, кој го стекна мнозинскиот пакет акции во клубот во февруари 2016 година. зс/ 

 

Фото: ЕПА 

Остани поврзан