• сабота, 14 септември 2024

Дејвис куп: САД се пласираа на завршниот турнир

Дејвис куп: САД се пласираа на завршниот турнир

 

Жухај, 13 септември 2024 (МИА) – Тенисерите на САД обезбедија настап на завршницата на Дејвис купот што од 19 до 24 ноември ќе се одржи во Малага, откако во второто коло во рамки на групата Ц во кинескиот град Жухај, Кина, ја совладаа Словачка со максимални 3-0.

Мекензи Мекдоналд го победи Лукаш Клајн со 6-4 6-3 во првиот дуел. потоа Брендон Накашима беше подобар од Јозеф Ковалик со 6-3, 6-3, а победата ја обезбедија Остин Крајичек и Рајев Рам, кои со 6-7 (7), 7.-6 (4), со 10-1 беа ппуспешни Норберт Гомбос и Лукаш Клајн.

Американците во првото коло ги победија и Чилеанците со максимални 3-0 и обезбедија едно од првите две места во групата кои водат на завршницата во Малага.

Пласман на финалниот турнир обезбедија и Германците кои забележаа победи против Словачка и Чиле во првите две кол па САД и Германија в сабота во меѓусебен дуел ќе го одлучат победникот во групата. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан