Дејвис куп: Кипар поведе со 2:0 во дуелот со македонската репрезентација
- Дејвис куп репрезентацијата на Македонија ги загуби двата сингл меча на првиот ден од дуелот со Кипар во Никозија и противникот поведе со 2:0.
Никозија, 7 февруари 2026 (МИА) - Дејвис куп репрезентацијата на Македонија ги загуби двата сингл меча на првиот ден од дуелот со Кипар во Никозија и противникот поведе со 2:0.
Стефан Мицов загуби од Фотос Фотиадес со 2:0 во сетови (6:3 и 6:0). Во првиот сет Мицов прв дојде до брејк и водство од 2:1 во гемови, но потоа следуваше пресврт и противникот поведе со 5:2, а сетот заврши со 6:3. Во вториот сет ривалот беше убедлив и сетот го доби без загубен гем.
Претходно во првиот меч Мелиос Ефстатиу го совлада Амар Хусеиновиќ со 2:0 во сетови (6:2 и 6:0).
Утре прво се игра мечот во конкуренција на двојки, а потоа двата сингл меча. Почетокот на првиот меч е во 10 часот. зс/
Фото: ТФМ