• понеделник, 23 декември 2024

Дејвид Коренсвет и Рејчел Броснејхан во новиот филм за Супермен

Дејвид Коренсвет и Рејчел Броснејхан во новиот филм за Супермен

Лос Анџелес, 28 јуни 2023 (МИА) - Младиот американски глумец Дејвид Коренсвет е следниот што ќе ја нагрне црвената наметка на Супермен. Веста ја потврди режисерот на следниот филм за суперхеројот, Џејмс Ган.

Инаку, 29-годишниот Американец е познат по улогите во неколку успешни проекти, меѓу коишто и „Холивуд“ и „Политичар“ од продукцијата на „Нетфликс“, „Ние го поседуваме овој град“ од „Ејч-би-о“ и „Бисер“ на „Јуниверзал“. Дејвид Коренсвет ќе глуми во суперхеројскиот филм „Супермен: Наследство“ (Superman: Legacy).

Според наводите, Рејчел Броснејхан ќе ја глуми новинарката Лоис Лејн - љубовта на Супермен, т.е. Кларк Кент.  Филмот, продуциран од „Ворнер брос“, треба да се прикажува во 2025 година.  си/

Фото: ИМДБ, Википедија.

Остани поврзан