• понеделник, 23 декември 2024

Дејвид Аркет сѐ уште тажи по режисерот Вес Крејвен

Дејвид Аркет сѐ уште тажи по режисерот Вес Крејвен
Лос Анџелес, 11 ноември 2020 (МИА) - Во интервју за „Индипендент“, Дејвид Аркет низ солзи раскажа колку му недостасува режисерот Вес Крејвен, при снимањето на хоророт „Врисок 5“. - Кога бев близу него... Го чувствував она огромно чувство на болка и копнеж за поедноставен свет - за љубов. Се извинувам. Навистина ми беше тешко во последно време, многу ми недостасува, рече Аркет. Глумецот речиси во истовреме, ја загубил и мајка си. Тој глумеше и во претходните четири дела на „Врисок“, сите во режија на Крејвен. Легендарниот режисер почина 2015 година. - Навистина, копнеам за свет на љубов!, додаде Аркет. „Врисок 5“ е во фаза на снимање. Режисерското столче им припадна на Мет Бетинели-Олпин и Тајлер Џилет. И Кортни Кокс и Нев Кембел ќе ги повторат улогите по 5. пат. Прикажувањето е закажано за јануари 2022 година. си/сд/

Остани поврзан