• среда, 26 јуни 2024

Дејан Недев учествуваше на семинар во Лондон

Дејан Недев учествуваше на семинар во Лондон

Скопје, 3 декември 2023 (МИА) – Македонскиот каратист Дејан Недев изминатите три дена учествуваше на Меѓународен карате семинар во Лондон, Англија. 

Семинарот го водеа врвните ЈКА јапонски инструктори како Сенсеи Охта, Шимизу и Курихара. Сенсеи Охта е ЈКА шеф инструктор за Англија, а Сенсеи Курихара и Шимизу доаѓаат од главното седиште на ЈКА од Јапонија кои се повеќекратни шампиони во кати и борби. 

На семинарот беа демонстрирани карате техники во ката и кумите инсистирајќи на традиционалните карате принципите својствени само за ИТКФ и ЈКА. 

Во англиската престолнина учествуваа над 500 каратисти од цела Европа.зс/

Остани поврзан