• недела, 30 јуни 2024

Дејан Миленковски иницираше донација за противпожарната единица во Крива Паланка

Дејан Миленковски иницираше донација за противпожарната единица во Крива Паланка

Крива Паланка, 11 декември 2023 (МИА) - Противпожарна опрема од словенската Општина Врхника обезбедена на иницијатива на паланчанецот Дејан Миленковски денеска беше донирана во Територијалната противпожарна единица Крива Паланка.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски информира дека со донацијата обезбедени се работни униформи, ранци и даски за прва помош, алатки за отстранување стакло, воздушни перничиња, изолациони апарати и маски и бројни други потреби додатни алати и опрема кои ќе послужат за доопремување на ТППЕ Крива Паланка.

-Соработката остварена благодарение на иницијативата на нашиот сограѓанин Дејан Миленковски резултираше со донација на опрема за Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, а компанијата „Камуфлаж" донираше и комплетно нови повеќенаменски ламби за сите вработени пожарникари од ТППЕ, истакна Митовски.

Миленковски посочи дека станува збор за остварен контакт на база на лични познанство со жител на Врхника кој изразил добра волја да одговори на барањата за донација и со тоа да достават опрема која ќе им служи на пожарникарите во секојдневната работа.

Од компанијата „Камуфлаж" доставени се и нови мултифункционални ламби за сите припадници на единицата од градот, кои што се пожарникари-спасители.ид/фф/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан