• недела, 22 декември 2024

Дешамп го продолжи договорот со Франција до 2026 година

Дешамп го продолжи договорот со Франција до 2026 година

Париз, 7 јануари 2022 (МИА) - Француската фудбалска федерација на својата официјална веб-страница го објави продолжувањето на договорот со селекторот на репрезентацијата Дидие Дешамп. Важноста на новиот договор е до 2026 година.

Дешам е на чело на репрезентацијата од јули 2012 година. За десет години Французите под негово водство станаа светски шампиони (2018), победници на Лигата на нации (2021) и сребрени медалисти на два турнира: Европско првенство (2016) и Светско првенство (2022).

На 18 декември, францускиот тим загуби од селекцијата на Аргентина (3:3, 2:4 - на пенали) во финалето на Светското првенство во Катар. По натпреварот, францускиот претседател Емануел Макрон побара од 54-годишниот специјалист да остане селектор на националниот тим. зс/

Остани поврзан