• петок, 05 јули 2024

Деца од Пехчево се едуцираа за правилата на однесување како пешаци

Деца од Пехчево се едуцираа за правилата на однесување како пешаци

Пехчево, 23 мај 2024 (МИА) - Во Пехчево се реализираше активност за начинот и правилата на однесување на пешаците во сообраќајот. Активноста се реализираше во соработка со ОВР - Берово - беровската Полициска станица од општа надлежност и детската градинка „7 Септември“ во Пехчево.

- Децата се движеа по улица каде нема пешачка патека - тротоар и улица со пешачка патека - тротоар и притоа им беше објаснето од страна на стручните служби, како треба да се движат и во двата случаја, потоа ја преминуваа улицата на место каде има пешачки премин и на крстосница каде нема пешачки премин, појаснија од ОВР - Берово.

Во рамки на настанот, децата учеа каде се наоѓа полициската канцеларија во Пехчево, се запознаа со полициското возило, како и со дел од опремата што ја користат полициските службеници. вс/бд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан