Дефект во Батинци, без вода дел од корисниците
- Прекинато било водоснабдувањето за корисниците од улиците „6“ и „7“, а ќе трае до завршување со санација на дефектот.
Скопје, 30 декември 2025 (МИА) - Поради дефект во Батинци, без вода во моментов се дел од корисниците, информираат утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Прекинато било водоснабдувањето за корисниците од улиците „6“ и „7“, а ќе трае до завршување со санација на дефектот. бд/са/
Фото: МИА архива