„Детски Парламент 2024“ - работилница за ученици од основните училишта
- Во Собранието денеска ќе се одржи работилницата „Детски парламент 2024“ за ученици од основните училишта во Република Северна Македонија.
Скопје, 20 ноември 2024 (МИА) - Во Собранието денеска ќе се одржи работилницата „Детски парламент 2024“ за ученици од основните училишта во Република Северна Македонија.
Како што информираат од собраниската прес-служба, на отворањето на „Детскиот Парламент“ воведни обрачања ќе имаат Марина Димовска, генерална секретарка на Собранието и Златко Атанасов, државен советник, раководител на Парламентарниот институт.
Во рамки на работилницата организирана е обиколка на зградата на Собранието, а учениците ќе се сретнат и со пратеници.
Како што посочуваат од Собраниетп, на работилницата ќе бидат презентирани изработени креативни паноа - порака до пратеник изразена низ мисла, стих, цртеж. Учениците ќе ја играат играта на улоги - улога на пратеник на тема „Замена на класичните учебници со електронски“. фф/дма/
Фото: МИА Архива