• петок, 28 јуни 2024

Детската градинка во Вевчани доби нова фасада

Детската градинка во Вевчани доби нова фасада

Вевчани, 7 ноември 2023 (МИА) - Целосно е санирана оштетената фасада на детската градинка „Планински цвет“ во Вевчани.

Директорката на институцијата Даниела Мурџеска информира дека санацијата е направена со средства на градинката со цел подобри услови за престој на најмалите.

- Постојано се стремиме кон подобрување на условите за престој на децата, како внатрешниот така подеднакво ни е важно и надворешниот лик да биде уреден и привлечен за нашите дечиња, вели Мурџеска.

За идната година најави замена на внатрешните врати и прозорци, за што се предвидени 900.000 денари, преку проект на Центарот за развој на Југозападен плански регион и замена на постоечкото парно со електрични пумпи, инвестиција од околу два ипол милиони денари.

Претходно со средства обезбедени преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион беше реконструирана кујната, а беше опремена со пари од буџетот на градинката. сс/мд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан