• вторник, 24 декември 2024

Десет дена не сообраќа единствениот воз на релација Скопје - Битола и обратно

Десет дена не сообраќа единствениот воз на релација Скопје - Битола и обратно

Велес, 20 ноември 2023 (МИА) - Поради расипана локомотива и денеска не сообраќа возот од Скопје за Битола кој застанува во Прилеп, Велес и попатните станици. Локомотивата е расипана од минатиот понеделник, а кога по три дена штрајк, овој како и останитете возови, требаше повторно да сообраќаат, се расипа локомативата, информираат од „Македонски железници“.

Патниците од Велес, кои секојдневно патуваат на работа и на училиште во Скопје, се револтирани што го немаат овој воз кој многу има значи. Посебно револтирани се жителите од селата на Азот - Богомила, Теово и Согле, на кои овој воз им е единствената врска до Велес, Скопје, Прилеп и Битола.

Од „Македоски железници“ за МИА информираат дека забрзано се работи на оспособување на локомотивата и очекуваат повторно да биде пуштена во сообраќај оваа среда или четврток. ад/ сан/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан