• петок, 05 декември 2025

Десетто издание на Меѓународниот театарски фестивал во организација на Тетовски Театар

Десетто издание на Меѓународниот театарски фестивал во организација на Тетовски Театар

Тетово, 30 септември 2025 (МИА) - Националната установа „Тетовски театар“ од утре е домаќин на десеттиот Меѓународен театарски фестивал. Шест претстави ќе се одржат од 1 до 6 октомври во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово, сите со почеток во 19 часот.

-Ќе бидат прикажани шест претстави на театрите од Приштина, Гњилане, Урошевац, Прешево и Гостивар, како и Театарот од Тетово, како домаќин. Сме направиле селекција на актери кои се докажаа и на други фестивали и се надеваме дека публиката во Тетово, не само што ќе не проследи туки и ќе излезе задоволна од овој фестивал. Верувам дека сме направиле добра работа и ќе докажеме дека  Тетарот во Тетово заслужува да има едан ваков фестивал, изјави Агим Абдулаи, координатор на фестивалот.    

Оваа година фестивалот не е натпреварувачки.

-Нема натпреварувачки карактер бидејќи дури ни ова издание буџетот не беше доволен и не се согласувам без доделување награди, изјави Хасим Мемиши, директор на Тетовскиот театар.

На денешната прес-конфренција беше посочено дека билетот за една претстава чини 200 ден, но ако има луѓе кои не можат да си дозволат ќе има и бесплатни билети кои треба да се подигнат од Центарот за култура од 10 до 16 часот. ас/дма/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан