• петок, 22 ноември 2024

Десетици илјади радикални националисти во Варшава на Маршот за независност против Украина и ЕУ

Десетици илјади радикални националисти во Варшава на Маршот за независност против Украина и ЕУ

Варшава, 11 ноември 2023 (МИА) - Најмалку 40.000 полски радикални националисти денеска поминаа низ Варшава без поголеми инциденти на традиционалниот Марш на независноста, носејќи полски двобојки и транспаренти со антиевропски и пораки против наводната украинизација на Полска.

Слоганот на Маршот на независноста годинава се првите зборови од полската национална химна „Полска се уште не исчезна, а според пораките на транспарентите главни непријатели се Украинците, Германците и Брисел и традиционално ЛГБТ популацијата и жените во Полска кои бараат право на абортус.

„Тоа не е наша војна. СТОП за украинизација на Полска“, „Полска да, Укропољ не“, „Не сакаме да бидеме жители на Четвртиот Рајх“, „Само под крстот Полска е Полска, а Полјакот Полјак“ , „Геноцид = војна и абортус“, дел се од транспарентите на маршот.

„Мораме да застанеме во одбрана на полската независност, таа нема да се брани сама. Независноста е тоа што ние самите одлучуваме за клучните работи“, се обрати пратеникот и лидер на радикалната националистичка партија Конфедерација Кшиштоф Босак на почетокот на маршот.

Полицијата без поголеми проблеми успеа да елиминира неколку помали обиди за блокирање на националистичкиот марш, а градоначалникот на Варшава Рафал Часковски изјави дека немало поголеми инциденти, освен прекумерната употреба на домашна пиротехничка техника, која е забранета на тој собир и дека демонстрантите ја известиле полицијата дека ги палат знамињата на Европската Унија.

Според официјалната проценка на градските власти на Варшава, годинава на улиците на Варшава имало 40.000 радикали, што е значително помалку отколку во претходните години кога се собрале околу 100.000, додека независните медиуми проценуваат дека имало најмалку 70.000 учесници.

Во исто време со Маршот на независноста, низ центарот на Варшава помина Антифашистичкиот марш како голема весела улична забава со транспаренти „Да за бегалците. НЕ за фашистите“, „Да ги прифатиме бегалците, да истераме фашистите“. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан