• понеделник, 23 декември 2024

ДеСантис денеска и официјално ја објавува кандидатурата за американските избори во 2024 година

ДеСантис денеска и официјално ја објавува кандидатурата за американските избори во 2024 година

Вашингтон, 24 мај 2023 (МИА) - Републиканскиот гувернер на Флорида, Рон ДеСантис, денеска за време на разговор со извршниот директор на Твитер, Илон Маск, ќе ја објави својата кандидатура за претседателските избори во 2024 година, потврдија британските медиуми.

ДеСантис со ова и официјално ќе стане најголемиот ривал на поранешниот претседател Доналд Трамп за претседателската кандидатура меѓу републиканците.

Маск пренесе твит од новинарот на Фокс Њуз,Бил Мелугин, кој напиша дека републиканскиот гувернер ќе ја објави својата кандидатура за време на денешниот разговор.

Веднаш потоа се очекува да биде објавено видео снимено за неговата кампања, пренесува Ен-би-си.

Фокс њуз објави дека ДеСантис потоа ќе ги достави потребните документи до Федералната изборна комисија.

ДеСантис студирал на елитните универзитети Јеил и Харвард.

Покрај тоа, тој служел во американската морнарица и учествувал во воената интервенција во Ирак. По активната должност, тој работел како федерален обвинител, а во американскиот Конгрес првпат влезе во 2012 година.

Гувернер на Флорида првпат стана во 2018 година, а беше реизбран во ноември минатата година. сд/

Остани поврзан