• петок, 05 декември 2025

Дератизација и прв третман против лебарки на територија на општина Куманово 

Дератизација и прв третман против лебарки на територија на општина Куманово 

Куманово, 25 април 2025 (МИА) - Општина Куманово ќе ја спроведе првата дератизација за тековната година, информираа денеска од општината. Третманот ќе се изврши на 28, 29 и на 30 април годинава во 08:00 часот. Покрај дератизација ќе се спроведе и прв третман против лебарки на подрачјето на општината.

-Третманот ќе се спроведе во шахти на постоечката канализација, со употреба на препарат ФЛИТРИН 6,14 со активна материја PERMETHRIN I TETRAMETHRIN. Во случај третманот да не се изврши во предвидениот период поради неповолни временски услови, истиот ќе биде одложен за наредниот ден, информираа од општината.

Општината за запрашување против инсекти, дезинсекција, дератизација против крлежи, лебарки, комарци и глодари одвои над 1, 2 милиони денари. Општината склучи договор со компанија од Куманово. Градот склучи договор и за авиотретирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Биро за лекови, за што одвои скоро два милиони денари. ам/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан