• понеделник, 01 јули 2024

Депај пред преселба во Јувентус

Депај пред преселба во Јувентус
Торино, 18 август 2022 (МИА) - Мемфис Депај е се поблиску до преселба во Јувентус од Барселона.   Дваесет и осумгодишниот напаѓач на репрезентацијата на Холандија ќе го раскине договорот со Каталонците и како слободен играч ќе се пресели во Италија.   Според добриот познавач на италијанскиот фудбал, Џанлука Ди Марцио, Јуве ќе се откаже од дел од бонусите кои ги должат Каталонците за настапите на играчот од средниот ред Миралем Пјаниќ во составот на Барса.   Депај и Јувентус се уште не постигнале целосен договор за договорот, иако претходно се пишуваше за двегодишен договор и плата од шетс милиони евра годишно. зс/

Остани поврзан