• понеделник, 01 јули 2024

Депај потпиша за Атлетико Мадрид

Депај потпиша за Атлетико Мадрид

Мадрид, 20 јануари 2023 (МИА) - Атлетико Мадрид денес објави за склучен договор со напаѓачот Мемфис Депај од Барселона. Двете страни се обврзаа на соработка 2,5 години, објавено е на сајтот на шпанскиот клуб.

Претходно шпанските медиуми објавија дека Барселона за 28-годишниот играч ќе добие 3-4 милиони евра.

Договорот на Депај со каталонскиот клуб истекуваше летото 2023 година.

Оваа сезона напаѓачот одигра само четири натпревари за Барселона во сите натпреварувања и постигна еден гол.

На Светското првенство 2022 година во Катар, Депај пет пати влезе на теренот како дел од репрезентацијата на Холандија и еднаш се запиша во листата на стрелци. зс/

Остани поврзан