• понеделник, 25 ноември 2024

Депај поради повреда ќе го пропушти првиот натпревар на Барселона против Наполи во Лигата на Европа

Депај поради повреда ќе го пропушти првиот натпревар на Барселона против Наполи во Лигата на Европа
Барселона, 15 февруари 2022 (МИА) - Напаѓачот на Барселона, Мемфис Депај продолжува со закрепнување од повредата. Според „Марка“, 27-годишниот Холанѓанец ќе го пропушти натпреварот од 1/16финалето во Лигата на Европа со Наполи предвиден да се игра на 17 февруари. Исто така, Депај нема да биде во составот на Каталонците за средбата од 27. коло на Ла Лига со Валенсија закажана за 20 февруари. Холандскиот фудбалер би требало да биде подготвен за реваншот против италијанскиот клуб кој ќе се одигра на 24 февруари. Депај оваа сезона за Барселона на 23 натпревари постигна осум гола и имаше две асистенции. Неговиот договор со каталонскиот клуб е до 30 јуни 2023 година. зс/

Остани поврзан