• сабота, 06 јули 2024

Депај не е во плановите на Чави

Депај не е во плановите на Чави
Барселона, 2 јули 2022 (МИА) - На тренерот на Барселона, Чави не му се потребни услугите на Мемфис Депај. Според шпански „As“, клубот од „Камп ноу“ ги известил агентите на 28-годишниот Холанѓанец дека играчот не е вклучен во понатамошните планови на специјалистот. Блауграна е подготвена да го продаде напаѓачот чиј договор истекува следното лето за околу 25 милиони евра. Во неговата единствена сезона во Ла Лига досега, Депај постигна 12 гола на 28 натпревари. зс/

Остани поврзан