• понеделник, 01 јули 2024

Депај: Ми се допаѓа како игра Барселона, покажуваме напаѓачки фудбал

Депај: Ми се допаѓа како игра Барселона, покажуваме напаѓачки фудбал
Барселона, 28 февруари 2022 (МИА) - Напаѓачот на Барселона, Мемфис Депај изрази задоволство од настапот на тимот на натпреварот од 26. коло на Ла Лига со Атлетик (4:0). - Среќен сум што се враќам на теренот. Работев напорно за повторно да бидам со тимот. Ми се допаѓа како игра Барселона. Покажуваме напаѓачки и комбиниран фудбал, изјави Депај на официјалната веб-страница на каталонскиот клуб. Дваесет и осумгодишниот Холанѓанец не учествуваше на натпревари од 12 јануари 2021 година поради повреда. На вчерашниот дуел со Атлетик Билбао тој постигна гол. По 26 кола во Ла Лига, Барселона има 45 бодови и се наоѓа на четвртото место во поредокот, со 15 бода помалку од лидерот Реал Мадрид и со еден натпревар помалку. зс/

Остани поврзан