• понеделник, 25 ноември 2024

Денот на македонскиот јазик одбележан во Крива Паланка

Денот на македонскиот јазик одбележан во Крива Паланка

Крива Паланка, 5 мај 2023 (МИА) - Со пригодно предавање на тема „Потеклото и развојот на на македонскиот јазик“ во библиотеката „Кочо Рацин“ во Крива Паланка беше одбележан Денот на македонскиот јазик - 5 Мај.

Во библиотеката се зборуваше, читаше и пишуваше за македонскиот јазик.

-Со предавање на тема „Потеклото и развојот на македонскиот јазик“ од наставничката по македонски јазик и литература Габриела Стојановска од ООУ „Јоаким Крчовски“ во нашата библиотека е одбележан Денот на македонскиот јазик. Говоревме за потеклото, развојот и историјата на македонскиот јазик, од почетоците во деветтиот век, до современието. Учениците твореа  за мајчиниот јазик и рецитираа стихови од познатите македонски поети, како: Блаже Конески, Димитар Миладинов, Ацо Шопов, а неизоставен дел од настанот беше и претставување на македонската современа литература и литература од различни периоди од македонски автори, информира Даниела Петровска, раководител на библиотеката „Кочо Рацин“ при Центарот за култура Крива Паланка.

По предавањето се читаа лични творби на млади литерати, а истовремено погледнаа изложба на печатени дела од македонски автори од збирката во библиотеката. ид/мд/

Фото: МИА 

Остани поврзан