• понеделник, 23 декември 2024

Денови на финансиска писменост: АСО додели награди и пофалници на 37 основци и средношколци за творби од областа на осигурувањето 

Денови на финансиска писменост: АСО додели награди и пофалници на 37 основци и средношколци за творби од областа на осигурувањето 

Скопје, 18 ноември 2023 

 

АСО додели награди и пофалници на 37 ученици, од основни  и средни училишта ширум земјава, за цртежи, есеи и песни на теми од областа на осигурувањето. Со оваа активност симболично АСО ги започна „Денови на финансиска писменост 2023“ кои ги организираат сите регулатори на финансискиот пазар. За значаен придонес во унапредување на финансиската писменост кај учениците АСО додели и благодарници на 20 наставници – ментори кои континуирано и посветено работат со учениците на градење на  свесноста за значењето на осигурувањето за општата благосостојба на населението

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) награди девет ученици и издаде пофалници на уште 28 основци и средношколци кои креираа цртежи, есеи и песни на теми поврзани со значењето на осигурувањето. Тие беа избрани како најдобри во конкуренција на речиси 200 творби на тема осигурување чии автори беа ученици од основни средни училишта ширум земјава.

Воедно АСО додели 20 благодарници на наставници – ментори од различни училишта кои работат со учениците на теми за зајакнување на финансиската писменост со особен аспект на осигурувањето. 

По тој повод Крсте Шајноски, претседател на Советот на екперти на АСО, денеска ги додели наградите и признанијата на учениците и ученичките од основните и од средните училишта.

Во оваа прилика Шајноски истакна дека градење на свеста за значењето на осигурувањето, на што АСО посветува особено внимание, е неопходен предуслов за подигање на животниот стандард и општата благосостојба во секое општество. На присутните наградени и пофалени ученици им порача дека тие се партнери на АСО во мисијата за градење на култура на осигурување. При тоа се заблагодари на наставниците – ментори за нивниот придонес во зајакнувањето на финансиската едукација.

Со овој настан АСО ги започна активностите по повод „Деновите на финансиска писменост“, а воедно успешно го реализираше јубилејниот 11 по ред Конкурс за избор на теми по повод 1 ноември – денот на осигурувањето. На темите „Осигурувањето ме заштитува од ризици“ , „Моја инвестиција – полиса за осигурување“ и „Животот е полн со изненадувања, осигурувањето е моја финансиска сигурност“ годинава АСО доби речиси 200 цртежи, песни и есеи од ученици на возраст од 6 до 17 години од неколку десетици основни и средни школи од повеќе градови и населени места ширум земјава.

Деновите на финансиска писменост традиционално седма година по ред ги организираат сите регулаторни тела од областа на финансиите (Народната банка, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на осигурување – АСО и Агенцијата за супервизија на капитално-финансирано пензиско осиурување МАПАС).

АСО во рамки на своите активности по повод Деновите на финансиска писменост во ноември посетува училишта во кои преку соодветни форми на интерактивна комуникација едуцира ученици за значењето на осигурувањето, учествува на ТВ емисија од едукативен формат и публикува содржини на социјалните мрежи со изразена едукативна компонента за атрубитите на осигурителните производи и за заштитата на правата на осигурениците.

АСО организира и спроведува едукативни посети и интерактивни предавање за сите училиште на теми од областа на финансиска едукација во осигурувањето, а податоците се достапни на веб страницата на АСО.

Агенција за супервизија на осигурување (АСО)

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан