• петок, 22 ноември 2024

Денков пред бугарските пратеници: Денеска е денот да изберете влада која ќе има храброст и стручност да носи важни одлуки

Денков пред бугарските пратеници: Денеска е денот да изберете влада која ќе има храброст и стручност да носи важни одлуки

Софија, 6 јуни 2023 (МИА) -Денеска е денот кога можеме да им дадеме надеж на милиони Бугари кои сакаат нашата земја да има редовна влада, порача од собраниската говорница кандидатот за премиер Николај Денков. 

-Денеска е денот да се избере влада која ќе има храброст и стручност да ги донесе важните одлуки и да сноси одговорност за нив, нагласи мандатарот на  новата бугарска Влада.

Денков се обврза владиниот кабинет, доколку биде избран, да поднесе предлог-буџет со три отсто дефицит, да ги исполни обврските од меѓународната програма, да работи за влез на Бугарија во Шенген и во еврозоната, да работи во тесна координација со Националното собрание за спроведување на законодавна програма, вклучувајќи и измени на Уставот.

Кандидатот за премиер ја претстави структурата и составот на предлог-владата „Денков-Габриел“, прецизирајќи дека првите девет месеци тој ќе биде премиер, а вторите девет месеци на функцијата ќе биде Марија Габриел (ГЕРБ-СДС).

-Мојот детски сон не беше да бидам премиер на држава во акутна политичка криза, со поделено општество, мојот детски сон беше да бидам научник и тоа го реализирав, рече Денков и додаде „затоа, доколку не се остварат приоритетите, ќе поднесам оставка“. сд/

Остани поврзан