• недела, 22 декември 2024

Денков го врати мандатот - Радев во најкус можен рок ќе донесе указ за предлог-влада до бугарското Народно собрание

Денков го врати мандатот - Радев во најкус можен рок ќе донесе указ за предлог-влада до бугарското Народно собрание

Софија, 5 јуни 2023 (МИА) - Кандидатот за бугарски премиер на коалицијата „Промените продолжуваат - Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ), академик Николај Денков, денеска на претседателот Румен Радев му го врати вториот истражувачки мандат за формирање влада.

Заедно со Денков во „Дондуков“ 2 дојдоа и копретседавачите на коалицијата - Кирил Петков, Атанас Атанасов, Христо Иванов, Владислав Панев. Во претседателската институција не дојде Марија Габриел, која според договорот меѓу ПП-ДБ и ГЕРБ-СДС за девет месеци ќе треба да ја преземе премиерската функција.

При враќањето на мандатот, претседателот и мандатарот за премиер не се ракуваа. 

-Мислам дека сите треба да ја смириме ситуацијата за да знаат луѓето дека кабинетот, Народното собрание и претседателската институција работат заедно за да може земјата да се развива во корист на луѓето и бизнисот, рече академик Денков при враќањето на папката со истражувачкиот мандат.

„Тоа што го очекуваме од Вас е да донесете указ за нова влада, тој да се изгласа во Народното собрание, и доколку собереме мнозинство потоа непречено да ја пренесеме власта како што налага Уставот, рече кандидатот за премиер.

-Во најбрз можен рок ќе донесам указ да го доставите вашиот предлог до Народното собрание, каде што ќе го изгласаат народните избраници, изјави шефот на државата Румен Радев, по прифаќањето на вратениот мандат.

„На Бугарија и требаат институции и политичари кои реално ќе раководат од бугарскиот народ, кои работат за безбедноста, правдата и против корупцијата, како што очекуваат сите угледни бугарски граѓани. Да се ​​зајакне суверенитетот на државата и да се работи на продлабочување на нашите европски интеграции“, изјави шефот на бугарската држава.

Во коментар за медиумите, по враќањето на мандатот, академик  Денков потенцира дека е потребно во најкус можен рок да се направи „нормален буџет, без овој апсурден дефицит и да се отслика моменталната состојба“.

Буџетот мора да се направи професионално - не е прашање на политичка волја што сега е три отсто, за два дена ќе биде шест или четири отсто, рече Денков и додаде дека министерот за финансии треба да ја преземе својата улога, да ги собере сите потребните информации, за сите да ја имаат јасната слика.

Денков изрази надеж дека шефот на државата Румен Радев денеска или утре наутро ќе донесе указ и дека ќе се гласа за предлог-кабинетот.

Според Денков, многу е важно „стариот“ и „новиот“ министри да седнат заедно и да си кажат кои се приоритетите и каде има проблеми. 

-Ова е нормален процес на предавање на власта, смета тој.

Претседателот на Народното собрание Росен Желјазков кажа

дека уште утре ќе свика седница на Националното собрание доколку претседателот донесе указот.

-Доколку претседателот денеска донесе указ, утре ќе свикам состанок, изјави Желјазков пред новинарите во ходниците на парламентот.

„Процедурата е позната - се претставува кандидатот за премиер, а тој ги претставува кандидатите за министри и структурата на кабинетот“, рече Жељазков. 

Според него, кандидатот за премиер може да даде политичко обраќање и декларација или да ги презентира приоритетите на раководството, по што има можност за дебата и се гласаат - за премиерот, за структурата на кабинетот и за персоналниот состав. сд/

Остани поврзан