Денеска е Светски ден на борба против беснило
- „Едно здравје, нула смртни случаи!“, е темата на овогодишниот Светски ден на борба против беснило - 28 Септември.
Скопје, 28 септеммври 2022 (МИА) - „Едно здравје, нула смртни случаи!“, е темата на овогодишниот Светски ден на борба против беснило - 28 Септември.
Целта е да се подигне свеста и да се зголемат заложите за елиминација на беснилото на глобално ниво. Тоа е настан проектиран да биде инклузивен, обединувајќи ги луѓето, организациите и засегнатите страни во сите сектори против беснилото - затоа што заедно можеме да го елиминираме беснилото, информираат од Ветеринарната комора.
Овогодинешната тема, како што појаснуваат, се фокусира на Едно здравје, заедно со потсетувањето на целта „Нула до 30“ и фактот дека е можно елиминација на беснило кај луѓето со посредство на кучиња и оти стоиме обединети против оваа страшна болест. Пораката, појаснуваат, се фокусира на здружување за да се направи позитивна промена и да се постигне она што знаеме дека е можно: елиминација на беснилото, истакнуваат од Ветеринарната комора.
Апелираат до држателите на домашни миленици, кучиња и мачки на одговорно сопствеништво и одговорно граѓанство.
-Вакцинацијата против беснило е со Закон утврдена обврска и гарантира превенција од една тешка и смртоносна заразна болест. Редовно вакцинирајте ги вашите кучиња и мачки. Ајде да го спроведеме One Health во пракса и да го елиминираме беснилото за да постигнете нула смртни случаи!, велат од Комората. лв/нд/