• вторник, 05 ноември 2024

Дендиас ја информираше Сакеларопулу за низа теми, разговараа и за Западен Балкан

Дендиас ја информираше Сакеларопулу за низа теми, разговараа и за Западен Балкан
Атина, 26 април 2021 (МИА) – Претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу денеска го прими шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, кој ја информираше за низа теми што се во негова надлежност, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од кабинетот на Сакеларопулу, Дендиас се осврнал на последните случувања во грчко- турските односи, како и на трилатералната средба на шефовите на дипломатиите на Грција, Кипар и Либан, а исто така разговарале за ситуацијата на Западен Балкан, но и за состанокот во Женева за кипарското прашање. ср/ Фото: АНА-МПА

Остани поврзан