• петок, 05 декември 2025

Демократски сојуз: На самостојниот настап за советници во Конче, ДС освои 8,69 отсто од гласовите и обезбеди советник во Советот

Демократски сојуз: На самостојниот настап за советници во Конче, ДС освои 8,69 отсто од гласовите и обезбеди советник во Советот

Скопје, 20 октомври 2025 

Демократски сојуз настапи самостојно за избор на советници во Советот на Општина Конче, при што од вкупно излезени 1.888 гласачи,  Демократски сојуз освои 164 гласа или 8,69% од излезените. За ДС освоените гласови се сериозен потенцијал за партијата што покажува дека ДС има сериозен потенцијал и солиден придонес во огромната победа на Коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ , предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од ДС, што МИА го објавува интегрално.

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, упатува честитки до носителот на листата Јонче Здравев и останатите осум кандидати за советници и искрена благодарност до гласачите во општина Конче и населбите Долни Липовиќ,  Горни Липовиќ, Габревци, Дедино, Ракитец и Лубница.

Демократски сојуз доследно ќе се залага за имплементација на изборната програма за Конче, водејќи сметка за рамномерен развој на сите населби.

 

Демократски сојуз

Фото: Демократски сојуз 

 

Остани поврзан