• недела, 22 декември 2024

Демократската прогресивна партија на Тајван ја задржа власта со победата на Вилијам Лаи

Демократската прогресивна партија на Тајван ја задржа власта со победата на Вилијам Лаи

Tajpej, 13 jануари 2024 (MИА) - Тајванската владејачка Демократска прогресивна партија (ДПП) ја задржа власта откако нејзиниот кандидат Вилијам Лаи победи на претседателските избори и ќе го наследи актуелниот претседател Цаи Инг-вен, јави ДПА.

Ова е прв пат во Тајван една политичка сила да освои три последователни претседателски мандати откако демократијата на островот почна директно да го избира својот претседател во 1996 година.

Шеесет и четиригодишниот Лаи ја објави својата победа откако двете главни опозициски фигури го признаа поразот. Тој се кандидира заедно со 52-годишниот Ксијао Меjцин, кој ќе биде негов потпретседател.

Резултатите најверојатно ќе го иритираат Пекинг поради отпорот на Демократска прогресивна партија кон кинеското владеење.

За време на кампањата, Лаи повтори дека Тајван треба да се интегрира во меѓународната заедница и да не биде заробен од Кина, забележа ДПА. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан