• петок, 17 мај 2024

Демир Капија се претставува на Саем за туризам во Ниш

Демир Капија се претставува на Саем за туризам во Ниш

Демир Капија, 30 март 2023 (МИА) - Демир Капија од денеска па до сабота се претставува на Саем за туризам во Ниш, информира демиркапискиот градоначалник Лазар Петров.

- Ја презентираме Демир Капија како туристичка дестинација. Ги промовираме природните, историските, културните богатства со коишто располагаме, сите нејзини туристички потенцијали. Имаме флаери од сите капацитети што се интересни за туристите, како и еден заеднички за целата општина. Како локална самоуправа, имаме закупено штанд на штандот на Северна Македонија, појаснува Петров.

Тој нагласува дека решиле да учествуваат на овој саем, бидејќи имаат голем број на српски туристи. 

Петров додава дека Демир Капија има голем потенцијал за развој на туризам, а локалната самоуправа вложува максимални напори за да привлече што поголем број на туристи. свд/дма/

Фото : Општина Демир Капија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан