• сабота, 21 декември 2024

Демири: Ситуацијата на Клиниката за кардиохирургија е сериозна, нема политичка пресметка во разрешувањето

Демири: Ситуацијата на Клиниката за кардиохирургија е сериозна, нема политичка пресметка во разрешувањето

Скопје, 30 мај 2024 (МИА) - Министерот за здравство Илир Демири демантира дека станува збор за политичка пресметка во однос на разрешувањето на директорот на Државната кардиохирургија. Вели дека ситуацијата е многу сериозна и дека треба да се донесе квалитетен експерт од странство кој ќе ги едуцира младите кадри. 

- Државата се однесува многу коректно, има обезбедено средства од 2011 година да доаѓаат светски познати кардиохирурзи и да не учат нас кардиохирургија. Од 2011 година се три генерации на млади специјалисти кои треба да работат во државна кардиохирургија. Каде се нашите деца кои од 2011 завршиле специјализација кардиохирургија и анестезија наменета за кардиохируршки интервенции. Тоа се 14 години, праша Демири во емисијата „Вин-вин“ на телевизија Телма.

Рече дека не знае колку оваа Клиника потрошила изминатите години, но истакна дека тоа треба да го открие Обвинителството и да го изнесе во јавноста.

Во однос на хируршките клиники кои не работат 13 дена, Демири рече дека испратил писмо до Владата во кое бара под итно да се распише тендер за компресорската станица.  

- Напишав писмо кое го испратив до Владата бидејќи таа е сопственик на Службата за општи служби. Писмото го пратив и до директорот на Општи служби да отвори тендерска постапка да почне под итно комплетно да се менува компресорската станица и дистрибутивната мрежа која е дотраена, рече Демири.

Додаде дека додека не се изгласа нов министер, нема да присуствува на собраниските седници иако му е верификуван мандатот како пратеник од Европскиот фронт. бд/бак/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан