• петок, 22 ноември 2024

Демири: Граѓаните се изморени од промовирање помпезни милионски проекти кои почнуваат но никако да се реализират целосно

Демири: Граѓаните се изморени од промовирање помпезни милионски проекти кои почнуваат но никако да се реализират целосно

Скопје, 4 април 2023

 

Како и секој друг проект, кој започнува со многу сомнежи, непознати, и злоупотреби , така денеска оваа Влада го започна следниот проект, оној на Коридорот Осум.

Изненадувачки факт е дека, овој проект започна токму на автопатот Тетово - Гостивар, чија изградба уште не комплетирана и срамота е да се нарече автопат, бидејќи има само две ленти, додека од десетици надвозници кои се направени за да „се олесни движењето на жителите, само три од нив беа пуштени во функција, а другите останале само мостови без влез и излез, и без ниту еден стандарт, исто како што е оваа Влада. А за катастрофата да биде уште поголема, изградбата на овој автопат почна без ниту една консултација со жителите, чии земјишта ќе треба да се уништат за изградба на автопатот.

Да не заборавиме, дека оваа Влада, пред неколку години започна сличен автопат од Кичево до Охрид, но изградбата на овој пат се изгуби некаде во планините, исто како што оваа Влада веќе го изгуби патот во својот двор.

И за ова, никој никогаш не даде објаснување зошто се случуваат овие доцнења, ниту пак никој не сноси одговорност за стотиците милиони евра потрошени пари на граѓаните за проект кој пропадна уште пред да започне.

Но, важно е да се дешифрира дилемата, што навистина се крие зад овие помпозни проекти кои потоа остануваат на сред пат, не реализирани ? Знаеме дека секој голем проект што е започнат од оваа Влада, чудно е затоа што е започнат само неколку месеци, или една година пред парламентарните избори, што и овозможува на оваа инкриминирана Влада можност за злоупотреба на парите на граѓаните и со истите, да се купуват гласови, како што се случи на последните локални избори, да се уценуваат граѓаните и да се води кампања со познати скапи естрадни уметници, бидејќи во спротивно граѓаните не би им присуствувале на нивните собири, која веќе се гледа и на последните средби со граѓани организирани од страна на ДУИ.

Најголемиот срам на овој проект е тоа што и покрај големите откритија на медиумите за фирми на кои не им се совпаѓа дејноста, место надзор дејноста им е производство на долна облека, овие фирми ќе ги надгледуваат изградбата на патиштата во нашата земја, и за овој факт никој не се срами и никој не сноси одговорност.

Граѓаните веќе се изморени од промовирање на помпозни милионски проекти кои почнуваат но никако да се реализират целосно, народот веќе не ја јаде оваа расипана чорба што ја нуди оваа криминална Влада, народот веќе не и верува на ова влада и на следните избори ќе ја казни.

 

Прес - конференција на Генерален секретар Абдуш Демири

БЕСА

Фото:БЕСА

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан