• недела, 29 септември 2024

Демирал надвор од фудбалските терени следните 6-7 месеци

Демирал надвор од фудбалските терени следните 6-7 месеци
Торино, 15 јануари 2020 (МИА) – Фудбалерот на Јувентус, Мерих Демирал, успешно е опериран по повредата здобиена на средбата со Рома минатиот викенд, објавено е на официјалната веб-страница на италијанскиот шампион. Турскиот репрезентативец ги скина вкрстените лигаменти на левото колено и го оштети менискусот. Како што е објавено, за оптимално закрепнување ќе му бидат потребни 6-7 месеци. Ова значи дека сезоната за Демирал е завршена. Покрај тоа, тој нема да има време да се опорави до Евро 2020, што ќе се одржи од 12 јуни до 12 јули. Оваа сезона 21-годишниот дефанзивец одигра седум натпревари постигна еден гол и забележа една асистенција. зс/

Остани поврзан