• недела, 19 мај 2024

Демикелис ја презема Ривер Плата

Демикелис ја презема Ривер Плата

Минхен, 14 ноември 2022 (МИА) - Аргентинскиот фудбалски стратег Мартин Демикелис (41) го напушти минхенски Баерн за да седне не клупата на гигантот од Буенос Аирес, Ривер Плата.

Демикелис во Баерн беше тренер на вториот тим, а сега се сели во редовите на Ривер Плата за да го преземе местото шеф на стручниот штаб.

Заминувањето на Демикелис го потврдија од Баерн, наведувајќи дека негов наследник ќе биде Холгер Сајц (48).

- Дојдов во Европа како фудбалер од Ривер во Баерн, а сега заминувам во обратен правец како тренер. Каква неверојатна приказна. Горд сум што бев дел од семејството на Баерн. Го напуштам овој клуб со голема благодарност во срцето и сега се радувам на големата задача во мојот втор клуб што го носам во срцето, изјави Демикелис.

Тој на клупата на Ривер Плата ќе седне на местото на Марсело Гаљардо, кој по осум години го напушта стадионот „Монументал“. ег/ми/

Остани поврзан