• сабота, 23 ноември 2024

Демант од ЈП Паркови и зеленило на соопштението на ЛДП

Демант од ЈП Паркови и зеленило на соопштението на ЛДП

Скопје, 21 јули 2024

ЈП Паркови и зеленило ги демантира дезинформациите објавени во денешниот прилог на интернет  портали со
наслов ,, ЛДП прашува дали Скопје има градоначалник и бара да се искоси тревата и да се средат парковите”. Ве
информираме дека  ЈП Паркови и зеленило е надлежно за одржување на зеленилото во парковите , булеварите
собирните и магистралните  улици кои се под надлежност на Град Скопје. Останатото зеленило во населбите и помеѓу блоковите е под надлежност на општината.

Очигледно ЛДП не била упатена за ингеренциите на нашето претпријатие и не знаеле дека посочената локација што може да се види од фотографите е под надлежност на Општина Кисела Вода. Во врска со останатото зеленило под наша надлежност нашите екипи редовно го одржуваат.

Според планот за работа ги косиме тревните површини  како би ја одржале оптималната висина , собираме откос, хартија  и отпадоци и истата маса ја товариме и изнесуваме. Вршиме и полевање на тревата во доцните вечерни часови за да  се избегне испарување на водата поради високите температури во текот на денот. Одржувањето и уредувањето на зеленилото го спроведуваме во согласност со Годишната програма за работа. Исто така нашите мобилни екипи со сета расположлива механизација, од силното невреме што го зафти Скопје веднаш пристапија кон расчистување на теренот и последиците од невремето и продолжуваат се до целосно расчистување.

Ве молиме да го објавите нашиот демант во врска со пренесување од Ваша страна на тенденциозната и невистинита информација од страна на ЛДП

ЈП Паркови и зеленило

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан