• понеделник, 23 декември 2024

Дел од автобусите по изменет сообраќаен режим поради градежни активности

Дел од автобусите по изменет сообраќаен режим поради градежни активности
Скопје, 23 јули 2021 (МИА) - ЈСП „Скопје“ информира дека денеска по 17 часот поради изведување градежни активности на дел од коловозот на булеварот „Кузман Јосифовски - Питу“, на потегот од семафорите кај Веро Џамбо до семафорите пред Транспортен центар, автобусите кои сообраќаат во овој реон ќе имаат изменет режим на сообраќање. - Пренасочувањето ќе трае се до завршување на активностите на терен кои се вршат по налог на „БЕГ“, од каде очекуваат градежните зафати да завршат до понеделник, соопшти ЈСП Скопје. Автобуските линии со број 7, 17 и 33 од булевар „Кузман Јосифовски - Питу“ (по Веро Џамбо), ќе продолжат кон булевар „Крушевска република“ (кај Феријален дом), потоа по булевар „Трета македонска бригада“ и ќе продолжат по својата редовна траса Автобусите со број 3, 3Б, 5, 15, 15А, 20, 21, 21А, 22, 23, 27 и 35 ќе сообраќаат од булевар „Кузман Јосифовски - Питу“ (по Веро Џамбо), ќе продолжат кон булевар „Крушевска република“ (Феријален дом), потоа по булевар „Трета македонска бригада“, улица „Никола Карев“ до крстосницата со булевар „Кузман Јосифовски-Питу“, па ќе вртат десно кон постојката Железничка станица - кон Аеродром и потоа ќе продолжат по својата редовна траса. Автобуските линии 11, 11А, 18, 18а, 118, 31, 32, 41, 45, 47, 47а, 51, 51а, 52, 53, 54, 55, 56, 58, 58а, 58б, 58в, 60, 61, 62, 63, 63а, 65В, 66, 67, 68, 70, 71, 74 и 81 од булевар „Кузман Јосифовски - Питу“ (по Веро Џамбо), ќе продолжат кон булевар „Крушевска република“ (Феријален дом), потоа по булевар „Трета македонска бригада“, па улица „Никола Карев“ до крајната/почетна постојка на Транспортен Центар. Во обратна насока возилата од посочените линии ќе сообраќаат по вообичаената траса. мд/сп/

Остани поврзан