• вторник, 25 јуни 2024

Дел Боске за Нејмар: Тежок човек, не е добар пример за следење

Дел Боске за Нејмар: Тежок човек, не е добар пример за следење
Мадрид, 6 април 2020 (МИА) - Поранешниот селектор на шпанската фудбалска репрезентација Висенте Дел Боске го сподели своето мислење за напаѓачот на ПСЖ, Нејмар. - Тешко момче. Што се однесува до мене, тој не е добар пример за следење. Морам да кажам дека за мене ова е одличен играч. Ако ме прашате да ги именувам најдобрите пет играчи, Нејмар е дефинитивно на мојот список, но тој се обидува да делува нечесно на теренот, се преправа многу. Па, начинот на кој ја напушти Барса ..., изјави Дел Боске. Дваесет и осумгодишниот бразилски фудбалер Нејмар, кариерата ја започна во Сантос во 2009 година, од 2013 година стана член на Барселона, а пред три години потпиша за ПСЖ. зс/

Остани поврзан