• петок, 22 ноември 2024

Делчевското роднокрајно творештво збогатено со делото „Човекот кој ме хранеше Сонце“

Делчевското роднокрајно творештво збогатено со делото „Човекот кој ме хранеше Сонце“
Делчево, 29 декември 2020 (МИА) - Делчевското роднокрајно творештво е збогатено со делото „Човекот кој ме хранеше Сонце“ од авторот Бети Арсовска. Рецензентот на книгата Миле Ѓорѓијоски информираше дека станува збор за збирка која содржи тринаесет раскази напишани од роднокраен автор, кој најголем дел од животот го поминал во Америка.
 
-„Човекот кој ме хранеше Сонце“ е збирка што во своите тринаесет раскази ја расплетува тенката копрена со која е прекриена човековата душа за котелец по котелец, полека да ја соголи до самата срж до најдлабоките дамари на изворот, на длабокото човечно, генетско, прадедовско и да ја извади пред очите на читателот, истакна рецензентот Ѓорѓијоски.
 
Додава дека иако авторот веќе веќе долги години живее и работи во САД, авторката во расказите го задржала македонскиот раскошен менталитет на ликовите од расказите, притоа дискретно давајќи им американски шмек, докажувајќи дека таа и таму не е странец.
 
-По она што ни го нуди во овој ракопис на најдобар начин докажува дека не ги заборавила своите корени, дека во неа пулсира онаа наша благородна словенска душа, додава Ѓорѓијоски.
 
Збирката „Човекот кој ме хранеше Сонце“  е прво дело на роднокрајниот автор Бети Арсовска. Промоцијата на нејзиното првенче е закажана за почетокот на месец јануари наредната година.вс/бт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан