• петок, 22 ноември 2024

Делчевските советници ќе донираат по еден советнички паушал за штетите од невремето

Делчевските советници ќе донираат по еден советнички паушал за штетите од невремето
Делчево, 27 јуни 2022 (МИА) - Делчевските советници ќе донираат средства во висина на еден советнички паушал за оштетените семејства од невремето кое го зафати Делчево минатата сабота. На одржаната вонредна седница на делчевскиот Совет на која се дискутираше за штетите од невремето, советниците го поддржаа предлогот на Советничката група на СДСМ, како и заклучокот за првичната процена на штети. На вонредната седница, како што истакна Кире Цоневски, претседател на Комисијата за штети при Општина Делчево, околу 100 граѓани во првиот ден имаат поднесено пријава на штети од невремето, потенцирајки дека најалармантна била состојбата околу течението на река Брегалница и населбата Милково Брдо. -Досега имаме околу 100 пријави од граѓани за оштетени станбени згради, домови, кровови, како и пријави за оштетени овоштарници. Ние како комисија ќе излеземе на лице место, потоа ќе направиме елаборат кој ќе биде поднесен до Советот, а понатаму ќе биде поднесен до Републичката комисија за проценка на штети од елементарни непогоди. Потоа тоа оди на вештачење и согласно висината на штетата сумата ќе им биде исплатена, рече Цоневски. Претставници на повеќе институции на вонредната седница, презентираа дел од преземените активности за време и по невремето. -Интервениравме со 4 противпожарни возила и 10 пожарникари со кои работевме на отстранување на дрвја кај село Тработивиште и на повеќе улици во Делчево. Вчера расчистувавме кровни конструкции на улиците ,,Никола Јонков Вапцаров" и кај комплекс Делчевчанка. Расчистувавме и  паднати дрвја и имавме интервенција во село Вирче, рече Миле Тодоровски, вршител на должноста командир на Територијалната против пожарна единица Делчево. Во текот на наредниот период како што беше напоменатовна вонредната Седница ќе биде отворена донаторската сметка за помош на оштетени граѓани.вс/свс/

Остани поврзан