• недела, 30 јуни 2024

Делови од Ченто и Шуто Оризари без вода

Делови од Ченто и Шуто Оризари без вода
Скопје, 28 септември 2022 (МИА) - Без вода денеска од 10:15 часот се корисниците од улиците „Товарник“ и „Среќко Пужалка“ во населбата Ченто. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради уличен дефект ф-100 мм на ул. „Товарник“ бр.10б. Исто така, од 10:15 часот денеска прекин во водоснабдување ќе останат корисниците од улиците „Пелагонија“ и „Индира Ганди“ - крак 37 во Општина Шуто Оризари, поради дефект на приклучна цевка ф-1“ на ул.„Пелагонија“ бр.1. Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.фф/са/

Остани поврзан