Делегација од ТХП во Истанбул
- Делегација предводена од претседателот на Партијата за движење на Турците - ТХП, Енес Ибрахим, престојуваше во Истанбул по повод одбележувањето една година од апсењето на градоначалникот на градот, Екрем Имамоглу, се вели во соопштението од ТХП, што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 19 март 2026
Делегација предводена од претседателот на Партијата за движење на Турците - ТХП, Енес Ибрахим, престојуваше во Истанбул по повод одбележувањето една година од апсењето на градоначалникот на градот, Екрем Имамоглу, се вели во соопштението од ТХП, што МИА го пренесува интегрално.
Во рамките на посетата делегацијата оствари средби со вршителот на должност градоначалник на Истанбул, Нури Аслан, како и со градоначалникот на Анкара, Мансур Јаваш.
На средбите беа разгледани можностите за унапредување и продлабочување на соработката меѓу општините од двете земји, со посебен акцент на размена на искуства и развој на заеднички проекти во повеќе области од заемен интерес.

Партијата за движење на Турците ќе продолжи активно да придонесува кон зајакнување на демократскиот капацитет, билатералната соработка и развој на партнерствата меѓу локалните самоуправи меѓу двете земји.
Партија за движење на Турците - ТХП
Фото: ТХП