• четврток, 26 декември 2024

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј
Скопје, 20 мај 2022 (МИА) - Делегација од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, составена од заменик - генералниот секретар Билјана Радева и советникот за надворешна политика, внатрешна политика и уставни прашања д-р Александар Љ. Спасов, по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, денеска положи цвеќе пред споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј во универзитетскиот кампус „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Венци со цвеќе пред споменикот денеска положија и владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, делегација на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, делегација на Собранието, делегација на Сојузот на борците, делегација на Армијата на Република Северна Македонија, делегација на Град Скопје и делегација на дипломатскиот кор акредитиран во земјава. Со оваа активност почнаа чествувањата од програмата за одбележување на државниот празник 24 Мај – Ден на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, патрони на УКИМ и светители на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија кои со своето дело за ширење на христијанството и јазиците на словенските народи, денес се празнуваат и чествуваат во повеќе европски земји. Централните настани по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, како и секоја година традиционално, ќе се одржат на 23 и 24 мај во Ватикан и во Рим со аудиенцијата на делегацијата на Република Северна Македонија кај Папата Франциск на Светата Столица, која оваа година ја предводи премиерот Димитар Ковачевски, со молебенот на гробот на Св. Кирил во црквата „Сан Клементе“ во Рим и со пригодни културно-уметнички содржини во главниот град на Италија. ев/лв/

Остани поврзан